Поврзете се со нас

АТП

Србљак го заврши настапот на турнирот во Србија

Објавено

на

Foto: FB/Македонски тенис Makedonski tennis

Македонскиот тенисер, Горазд Србљак го заврши настапот на ИТФ фјучерсот во Куршумлијска Бања (Србија) што се игра на земјена подлога за награден фонд од 15.000 долари.

Србљак вчера беше подобар од седмиот носител, Карло Алберто Каниато, додека пак денеска за ривал имаше уште еден Италијанец, Стефано Д’Aгостино.

Македонецот не успеа да го положи овој тест или поточно при сет негатива (6:4) и водство на противникот од 3:2 во вториот тој го предаде натпреварот.

И Д’Aгостино беше подобро пласиран тенисер од Горазд на АТП листата и тоа за 115 позиции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни