Поврзете се со нас

АТП

Србљак го заврши настапот на турнирот во Ираклион

Објавено

на

Македонскиот тенисер, Горазд Србљак го заврши настапот на ИТФ фјучерсот во Ираклион (Грција) што се игра на тврда подлога за награден фонд од 15.000 долари.

Србљак дојде до главната фаза преку квалификациите за да во првото коло за ривал го добие Мајкл Зу од кого беше надигран во два сета по нешто повеќе од еден ипол час игра.

Американецот првиот сет го реализираше со 6-4 за да во вториот искористи три од осумте брејк шанси и со 6-0 ја потврди победата и пласманот во осминафиналето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни