Србљак го испоти четвртиот носител во Унгарија

srbjlak

Македонскиот тенисер, Горазд Србљак успеа да ги мине квалификациите на силниот ИТФ фјучерс во Ѓула (Унгарија), но иако даде се од себе не успеа да ја мине првата пречка во главната фаза на турнирот кој се игра за награден фонд од 25.000 американски долари.

Имено Горазд по скоро три часа игра падна пред четвртиот носител Секу Бангура од САД со 2-1 во сетови. Американецот го доби првиот сет со 7-5, потоа нашиот ас возврати со 6-2 за да во решавачката рунда фаворитот слави со 6-1.

Facebook Коментари