Србљак ги „исчисти“ квалификациите и ќе игра во главната фаза на турнирот во Унгарија

gorazd srbjlak

Младиот македонски тенисер, Горазд Србљак ги мина квалификациите и ќе биде дел од главната фаза на ИТФ фјучерсот во Унгарија што се игра на земјена подлога за 25.000 американски долари.

Србљак кој на денешното последно АТП рангирање падна 117 позиции, во завршната рунда од квалификациите на овој силен турнир беше подобар од домашниот тенисер Мартин Зељенка со 2-0 во сетови. Нашиот рекет победи по 1 час и 13 минути игра со 6-2 и 6-1 во гејмови.

Ова за скопјанецот значи дека во првото коло во Ѓула ќе се соочи со четвртиот носител Бангура од САД кој е на 437 на АТП листата.

Facebook Коментари