Поврзете се со нас

Олимписки игри

Србите се испотија против Јужен Судан, но закажаа четвртфинале со Австралија

Објавено

на

Foto:x.com/KSSrbije

Јужен Судан добива се поголем респект во светската кошарка, но и покрај храбрите изданија, кошаркарите на оваа селекција ќе мора да ги спакуваат куферите уште во првата фаза на олимпискиот турнир.

Суданците се најдоа во најтешката група и денеска мораа да играат против Србија, па иако ги испотија избраниците на Пешиќ, на крајот излегоа како поразени во оваа пресметка.

Србите мораа да се испотат за да ја оправдаат фаворитската улога и отпорот го скршија дури на стартот на четвртата четвртина, кога Богдановиќ, Јокиќ и компанија отидоа на прва двоцифрена предност.

Многу брзо стигнаа и до максимални плус 17, па на неколку минути пред крајот стана јасно дека Србија ја осигура победата и обезбеди пласман во четвртфиналето.

Богдановиќ со 30 поени постави олимписки рекорд кога е во прашање олимписки учинок на еден српски кошаркар, па несомнено беше вистински лидер во победата од 96:85, следен од Јокиќ кој мечот го заврши со 22 поени и 13 скокови.

Србија на овој начин закажа четвртфинален дуел со Австралија, а Јужен Судан како најлошо третопласиран тим се пакува за дома.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни