Србите ја освоија Светската лига, претседателот Николиќ им го честиташе второто место

srbija-vaterpolo

Србија ја победи ватерполо репрезентацијата на САД и ја одбрани титулата во Светската лига, а покрај честитките од сите страни, стигна и таа од српскиот претседател, Томислав Николиќ.

И тоа немаше да биде големо изненадување или интересна вест, ако во соопштението на неговиот кабинет не се појавеше катастрофална грешка. Во истото, Николиќ на ватерполистите им го честитал второто место и сребрените медали во Светската лига, а по реакциите на медиумите, стигна исправката со вистинската позиција на освојувачот на ова ватерполо натпреварување.

– Иако овојпат на крајот среќата ни го сврте грбот, вие повторно му покажавте на светот како се борат вистински шампиони, – стои во најважниот дел од првично испратеното соопштение кое подоцна беше коригирано.

nikolic

Facebook Коментари