Србите дознаа кој ќе биде селекторот што ќе ги предводи на СП во Русија

mladen-krstajic

Фудаблската Федерација на Србија денеска соопшти важна вест за јавноста во оваа земја, јасно посочувајќи дека предводник на „орлите“ на Светското првенство во Русија ќе биде Младен Крстајиќ.

Човекот кој го наследи Муслин на селекторската функција со одредницата „вриштел на селекторската должност“ ја доби комплетната доверба од страна на првите луѓе на ФСС, па така тој ќе има голема одговорност на мундијалот на кој Србите се во група со Бразил, Швајцарија и Коста Рика.

– Крстајиќ ја доби нашата доверба за периодот кој претстои, заклучно со Светското првенство во Русија. Тој ќе го предводи сениорскиот тим на Србија на големото натпреварување. Во однос на деталите околу договорот ќе разговараме по завршувањето на празниците, кога ќе биде организирана и неговата промоција. Во секој случај, местото шеф на стручен штаб е загарантирано за Младен Крстајќи, – изјавил Горан Бунјавчевиќ, спортскиот директор на ФСС за српските медиуми.

 

Facebook Коментари