Поврзете се со нас

НБА

Србинот секогаш е чекор пред другите: Извонредната антиципација на Јокиќ ги импресионираше Американците (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/nuggets

Никола Јокиќ ја воодушевува јавноста и во вечер во која посебно блескаше неговиот соиграч Џамал Мареј, бидејќи српскиот мајстор успеа да запише нов трипл-дабл.

Во победата над Портланд изразена со резултат 132:121, Јокиќ се истакна со 26 поени, 15 скокови и 10 асистенции, додека Мареј имаше рекордна партија на личен план со 55 постигнати поени.

Интересно, овој двоец беше креатор и на најинтересната акција на овој натпревар, во која Јокиќ уште еднаш покажа дека е еден чекор пред сите во НБА лигата.

Српската ѕвезда намириса каде може да заврши промашеното слободно фрлање на својот соиграч, па првото полувреме го заврши со два поени во одбојка стил.

Добрата антиципација на Никола ги изненади противничките кошаркари, а истовремено ги воодушеви американските коментатори кои го пренесуваа мечот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни