Србинот се враќа во Скопје: Станиќ ќе го менува Штербик!

_darko-stanic

Најдобриот македонски ракометен колектив и актуелен европски првак, Вардар во следната сезона ќе има сосема поинаков лик кога е во прашање стручниот штаб и играчкиот кадар со оглед на тоа што се најавени, а воедно и потврдени дел од заминувањата од „црвено-црниот табор“.

Еден од најголемите проблеми е секако Арпад Штербик кој одлучи да ја прифати понудата и да се врати во Веспрем, па низ јавноста доста се шпекулираше околу тоа кој може да го наследи. Се свртеа неколку имиња, но на крајот по се изгледа изборот падна врз поранешниот член на Металург, Дарко Станиќ.

Оваа информација денеска ја пренесе и српски „Спортски Журнал“ притоа посочувајќи дека е договорена едногодишна соработка. Една од причините за доаѓањето на Станиќ е пријателството што го има со сопственикот Сергеј Самсоненко, односно ова значи дека македонскиот првак во следната кампања ќе има голмански српски двоец со оглед на тоа што долги години тука е Страхиња Милиќ.

Само да потсетиме покрај Штербик составот од „Јане Сандански“ го напуштаат тренерот Раул Гонзалес, Лука Циндриќ, Мијајло Марсеник, Илија Абутовиќ, се споменува и Хорхе Македа, но таа иинформација се уште не е потврдена.

Од друга страна пак како засилувања се споменуваат Русите Дмитри Кисељев, Дмитри Санталов и Сергеј Горбок за кого тоа би било кам-бек во Вардар.

Facebook Коментари