Англија
Србинот на долго ладење: Митровиќ доби жестока казна од ФА за туркањето на главниот судија!

Двонеделната пауза поради репрезентативни обврски му дојде навистина добро на Александар Митровиќ после глупоста која ја направи на „Олд Трафорд“ на ФА Куп пресметката против Манчестер Јунајтед, но по враќањето на клупските предизвици, денеска ја дозна веста која најмалку посакуваше да ја слушне.
Медиумите од Островот најавуваа дека српскиот голгетер ќе доби примерна и ригорозна суспензија за тоа што го направи на театарот на соништата, па попладнево добивме само официјална потврда за такво нешто.
Митровиќ се „исклучи“ на мечот против Манчестер Јунајтед откако му беше покажан црвен картон на Вилијан, па и тој беше испратен на предвремено туширање поради тоа што го турна судијата Кавана, но дополнително ја упропасти работата и поради погрдните зборови кои ги употреби.
Англиската ФА денеска соопшти дека Митровиќ е казнет со осум натпревари неиграње, а ќе плати и парична казна од 75 илјади фунти.
– Српскиот напаѓач Александар Митровиќ добива три меча суспензија поради црвениот картон, три меча суспензија за насилно однесување и уште дополнителни два меча за недолични, агресивни, навредувачки и заканувачки зборови кон судијата, – се вели во дел од соопштението на ФА.
-
Англијапред 14 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 13 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Светпред 23 часа
Бускетс за Меси и незадоволните фанови: Ние не сме машини или роботи…
-
Шпанијапред 13 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Англијапред 11 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Шпанијапред 21 час
Барселона повторно покажа дефанзивни слабости и освои само бод против Мајорка (ВИДЕО)
-
Англијапред 13 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Италијапред 22 часа
Првенецот на Милик доволен за победа на Јувентус (ВИДЕО)