Поврзете се со нас

Италија

Србинот Милинковиќ-Савиќ добил шокантни навреди по одбранетиот пенал во Бергамо: Ова не е фудбал

Објавено

на

Foto:x.com/TorinoFC_1906

Вања Милинковиќ-Савиќ се погрижи Торино да освои бод на тешкото гостување кај Аталанта, но Србинот стадионот во Бергамо ќе го памети и по една непријатна и неприфатлива епизода.

Српскиот репрезентативец му одбрани пенал на Ретеги со кој го сочува бодот за гостите, а покрај тоа што беше гаѓан со предмети од трибината, Вања открива дека бил навредуван и на расна и национална основа.

– Обично ги трпам навредите од трибините, тоа се случува во фудбалот, но не прифаќам расистички и националистички навреди, тие работи не се добри.

– Ме нарекоа „циган“ и „српско го.но“. Навистина ме вознемируваат вакви работи, нависитна се налутив. Се воздржав и не одговорив, но вакви работи не треба да се случуваат на еден стадион, – изјави Милинковиќ-Савиќ.

За Вања овој денеска беше трет одбранет пенал од стартот на сезоната, а интересно втор во дуелите со Наполи по оној во првиот дел од сезоната.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни