Поврзете се со нас

Свет

Србија загуби во Виена, „четворки“ на Португалија и Швајцарија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/oefb1904

Селекцијата на Србија претрпе пораз од Австрија од 2-1 на пријателскиот меч кој вечерва се одигра во Виена.

Домаќините имаа пеколен старт и веќе по 13 минути имаа водство од 2-0 со погодоците кои ги постигнаа Вимер и Баумгартнер.

Северниот сосед се врати во игра во 35 минута преку дефанзивецот Павловиќ, но до крајот не успеаа да дадат барем уште еден гол и да избегне неуспех на оваа контрола.

Без голови пак заврши дуелот меѓу Турција и Италија, додека Португалија и Швајцарија ги потврдија улогите на фаворити во мечевите со Финска, односно Естонија.

Португалците беа Роналдо го добија Финците со 4-2 со головите на Дијаш, Жота и Фернандеш (2), додека Швајцарците беа поуспешни од Естонците со 4-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни