Европски првенства
Србија со страшна акција ја урна Црна Гора, Англија режираше победнички пресврт против Италија (Видео)

Во директниот дуел за влез на Европското првенство, Србија излезе како победик на натперварот во Белград и сега е на чекор од пласман на континенталниот турнир, бидејќи во следните две кола на „орлите“ ќе им треба само еден бод.
Избраниците на Драган Стојковиќ заслужено стигнаа до триумф на „Рајко Митиќ“ и славеа во атрактивен натпревар за неутралните фудбалски фанови, кои вечерва можеа да видат четири гола на балканското дерби.
Србија поведе со раниот гол на Александар Митровиќ кој режираше тривела бравура за најавните шпици, но Црногорците одговорија до крајот на првиот дел, кога Јоветиќ претвори во гол една контра на гостите.
Вториот дел донесе тензија поради важноста на овој натпревар, а како пресудна се покажа страшната акција која ја режираа домаќините, а која во гол ја претвори Митровиќ.
Сергеј Милинковиќ Савиќ и Душан Тадиќ се погрижија за најлесна можна реализација на напаѓачот, по што набрзо пристигна и третиот гол во мрежата на Црногорците, кој пак беше дело на капитенот Тадиќ.
Од останатите средби, за издвојување е дербито кое се играше на „Вембли“, каде Англија успеа да и се реваншира на Италија и со пресврт ги стави „аѕурите“ во неповолна ситуација.
Италија поведе со голот на Скамака, Хари Кејн израмни од белата точка откако за пенал се избори Белингам, додека во вториот дел по еден погодок дадоа Рашфорд и Кејн за конечни 3:1. Со оваа победа, Англија математички осигурна пласман на Европското првенство во Германија, а Италија е сега трета зад Украина која вечерва славеше над Малта (1:3).
-
Италијапред 23 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Англијапред 21 час
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Светпред 8 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Балканпред 23 часа
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција
-
Европски куповипред 22 часа
Лазаров: Ова е историска победа, ќе продолжиме да работиме за доброто на македонскиот ракомет
-
Англијапред 13 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
Светпред 21 час
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Шпанијапред 24 часа
Проблеми за Барселона: Тер Штеген оди на операција, Пења ќе го менува!