Поврзете се со нас

Светски првенства

Србија се посрамоти во Ниш и си создаде пеколен пат за СП

Објавено

на

Foto:kss.rs

Иако Белгијците планираа да го бојкотираат натпреварот против Србија во Ниш поради прекинот на струја во „Чаир“, средбата од првата рунда квалификации сепак вечерва се одигра, но имаше епилог каков што не можеше да замисли ниту еден фан на домашната селекција.

Србија се посрамоти против Белгија и загуби вторпат од оваа селекција, но што е уште полошо, драматичниот неуспех сега ги става „орлите“ во навистина лошо позиција во продолжение од квалификациите за Светско првенство.

По поразот од 73:74, Србија ќе пренесе само една победа во втората фаза, па ниту шест победи на шесте натпревари нема да им гарантираат учество и пласман на Светското првенство, бидејќи на главниот турнир одат само два тима од двете споени групи.

Србија водеше со плус 11 во последната четвртина и успеа да го прокоцка тоа водство, па поразот од 73:74 е огромен шок за тимот кој има шампионски амбиции на секој голем кошаркарски настан. Факт е дека голем број ѕвезди недостасуваа во тимот на Србија, но медиумите од нашиот сосед не бараат изговори за лошото издание и вината ја префрлаат само кај стручниот штаб и играчите за погрешниот пристап.

По овој епилог, Србија како третопласирана од својата група патува во следната фаза, но сега ќе игра по два натпревари против Грција, Турција и Велика Британија, а не само што ќе нема право на кикс, дури и со сите победи не зависи сама од себе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни