Поврзете се со нас

Лига на нации

Србија освои голем бод против европскиот шампион, а можеше и да победи (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Фудбалската репрезентација на Србија влезе во мечот против Шпанија со доста отсуства во првиот тим, но се чини дека Драган Стојковиќ знае добро да се снајде и без главните ѕвезди во својот тим.

„Орлите“ одиграа навистина пожртвувано за секоја топка без Сергеј Милнковиќ Савиќ, Александар Митровиќ и Душан Влаховиќ во стартната постава, па на крајот добија и награда за таквиот пристап, иако тоа можеше да биде и уште подобро.

Реалноста вели дека Србија грчевито се бранеше во завршницата за да го одбрани почетниот резултат, но во првото полувреме, убедливо најголемата шанса на мечот не ја реализираше Лука Јовиќ.

Напаѓачот на Милан се посрамоти од неколку метри и го промаши цел гол, но тоа не се покажа како кобно за домаќините во вториот дел, бидејќи момците на Пикси одиграа максимално дисциплинирано.

Европскиот шампион не успеа да пронајде пат до голот и резултатот остана 0:0, по што двете селекции го запишаа првиот бод на стартот на новото издание во Лигата на нации.

Од Лигата А, Данска вечерва триумфираше над Швајцарија со 2:0, Полска ја победи Шкотска со 2:3, додека Португалија на домашен терен ја совлада Хрватска со 2:1. Дало постигна гол и еден автогол, а Роналдо го постигна својот јубилеен 900-ти гол во својата неверојатна кариера.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни