Европски првенства
Србија остана без најдобриот играч за престојното ЕП
Репрезентацијата на Србија ќе биде дел од престојното Европско првенство во Унгарија и Словачка каде ќе се обиде да направи што подобар резултат со тоа што таа мисија нема да биде воопшто лесна затоа што нашиот северен сосед се наоѓа во група со Франција, Хрватска и Украина.
Задачата, целта за повисок пласман сега е уште потешка бидејќи е потврдено дека на располагање нема да биде Петар Ненадиќ. Бекот е еден од најдобрите, ако не и најдобар играч на Србите, тој како и целиот тим се надеваше до последен момент дека ќе биде на располагање и ќе може да помогне, меѓутоа повредата се покажа како пресериозна, па така тој исто како и нашиот Дејан Манасков (неговиот соиграч од Веспрем) нема да заигра на овој голем континентален собир.
Дополнителен повик од селекторот Тони Херона добил бекот Немања Зеленовиќ, додека вториот дел од подготовките нема да го продолжат Данило Радовиќ, Давор Басариќ и Михајло Радовановиќ.
Првиот предизвик за Србите на ЕП е на 13 јануари против Украина, два дена подоцна е вечното дерби со Хрватска за да оваа фаза ја затворат на 17 против Франција која има доста проблеми со составот за овој шампионат.
-
НБА12 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија6 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Италија8 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА13 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија10 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Европски купови24 часа
Алкалоид доби голема поддршка од нашата дијаспора во Италија (ФОТО)
-
АТП7 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Шпанија13 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..