Поврзете се со нас

Олимписки игри

Србија од минус 24 до билет за полуфиналето на ОИ

Објавено

на

foto: x.com/KSSrbije

Селекцијата на Србија успеа да се пласира во полуфиналето на кошаркарскиот турнир во машка конкуренција каде за ривал ќе го има подобриот од вечерашниот меч меѓу Соединетите Американски Држави и Бразил.

Србите во една супер интересна пресметка која донесе и дополнителни пет минути славеше над репрезентацијата на Австралија со 95:90.

Избраниците на Пешиќ губеа и со 24 разлика во второто четвртина, ама во ниту еден момент не се откажаа, се бореа и на паузата дојдоа до „само“ минус 12 (54:42). Водени до таа нова енергија беа фантастични по одморот и третиот период го реализираа со 25:11 за пресврт и водство од 67:65.

Многу неизвесно и драматично беше во четвртиот период во кој Србија го имаше водството, ама Австралија постојано беше тука, блиску, па регуларнито дел заврши со тежок кош на Милс за 82:82.

Новиот „период“ мина во знакот на нашите соседи кои со 13:8 поминаа во наредната фаза и ќе се борат за медал.

На Јокиќ му фалеше само една асистенција за трипл-дабл (21 поен, 14 скокови и 9 асистенции), капитенот Богдановиќ додаде 17 кошеви, Мициќ застана на 14 поени.

Милс и Гиди на другата страна заедно искомбинираа 51 поен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни