Србија со победа ја „избра“ Црна Гора во осминафиналето на СП во Германија

lekic-sp

Ракометарките на Црна Гора одиграа со нерешен резултат 23:23 против Бразил во последното коло од групната фаза на СП во Германија, обезбедувајќи осминафинале и истовремено елиминирајќи го противникот кој нема да игра во нокаут фазата.

Малку подоцна, Србија ја победи Јужна Кореја со 33:28, со што го обезбеди првото место во својата група, а тоа значи дека веќе во осминафиналето не очекува жестокото соседско дерби меѓу Србија и Црна Гора. Првата рунда од нокаут фазата ќе донесе и други интересни пресметки како тие на Германија и Данска, Унгарија и Франција, односно Шпанија и Норвешка.

Осминафинални парови на СП во Германија:
Србија-Црна Гора
Шведска-Словенија
Германија-Данска
Унгарија-Франција
Романија-Чешка
Холандија-Јапонија
Шпанија-Норвешка
Русија-Јужна Кореја

Facebook Коментари