Србија ја реши Италија за полуфинале со Русија

srbija

Србија е последниот патник во полуфиналето на Европското првенство и тоа откако вечерва во Истанбул ја доби селекцијата на Италија со 83-67.

Нашите северни соседи беа подобар противник во арената „Синан Ердем“, предноста ја градеа од четвртина во четрвтина и заслужено дојдоа до посакуваната цел и меч со Русија, репрезентација од која загубија во групната фаза со 75-72.

Богдановиќ со 22 поени беше прв стрелец, Мачван уфрли 13, Лучиќ 11, Марјановиќ и Милосавлјевиќ по 10 кошеви.

Двојката Белинели-Датоме за „аѕурите“ искомбинираа 32 поени.

Facebook Коментари