Поврзете се со нас

Свет

Србија ја разби Шведска на збогувањето на Ибрахимовиќ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/FudbalskiSavezSrbije

Репрезентацијата на Србија оствари убедлива победа над Шведска од 3-0 на пријателската средба која се одигра во Стокхолм.

На овој меч симболично од фудбалот се збогуваше Златан Ибрахимовиќ, ас кој официјално е во пензија една година.

Избраниците на Пикси дефинитивно ја расипаа забавата на домашните фанови и Ибрахимовиќ со партија во која максимално ги користеа своите шанси за гол.

Милинковиќ-Савиќ во 18 минута донесе водство за гостите кое беше активно до 60 минута кога соиграшот на популарниот СМС од Ал Хилал, Митровиќ зголеми на 2-0.

До крајот стрелаше и Тадиќ, па Србија со одличен резултат ќе влезе на турнирот, Европското првенство на кое првиот меч им е против Англија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни