Поврзете се со нас

Олимписки игри

Србија ја оправда фаворитската улога на ОИ и го освои златото во ватерполо

Објавено

на

Ватерполо репрезентацијата на Србија остана на олимпискиот трон откако во финалето во Токио славеше против Грција со 13:10.

Во Акватик центарот во Токио се следеше доста возбудливо финале кое беше решено во последните минути од натпреварот кога Србија заигра одлично во одбраната и успеа да стигне до недостижна предност.

Србија за само четири минути стигна до предност од три голови, иако претходно резултатската нишалка беше од еден до два голови предност за Србите, по почетното водство на Грција од 1:0.

На крајот Србија заслужено дојде до победа од 13:10 и на ватерполистите на оваа земја на градите повторно ќе свети медалот со најсјаен отсјај.

ИНаку, колку Србија беше фаворит против Грција која е изненадување на овие Олимписки игри покажува фактот што во последните пет години Србите имаат седум врзани победи против оваа селекција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни