Србија ја одбрани европската ватерполо титула

vaterpolo-srbija

Ватерполо репрезентацијата на Србија ја одбрани европската титула на домашен терен, победувајќи вечерва во соседското дерби против Црна Гора со 10:8.

Финалето на Европското првенство се играше пред најмалку 15.000 гледачи во белгадска Арена, а иако Црногорците водеа на полувреме со 4:3, Србија не отстапи од намерата да триумфира, а во последната четвртина успеа да ја завери победата за оправдување на фаворитскиот статус на овој шампионат.

Прлаиновиќ и Алексиќ со по 2 гола беа најефикасни кај српската репрезентација, додека на спротивната страна ист ефект имаа Бргуљан, Радовиќ и Јановиќ.

Третото место на ова ЕП го освои Унгарија која во малото финале ја совлада Грција со 13:10.

Facebook Коментари