Поврзете се со нас

Светски првенства

Србија и Португалија ја продолжуваат битката за директен пласман на Мундијалот, кикс на Англија

Објавено

на

Вечерва беа одиграни и последните  европски квалификациски натпревари за оваа репрезентативна пауза.

Во бројните натпревари ширум стариот континент видовме убави голови и интересни резултатски расплети.

Србија со 3:1 славеше против Азербејџан со два голови на Душан Влаховиќ и еден на Душан Тадиќ. Азербејџан постигна гол по катастрофалната грешка на голманот Рајковиќ.

Португалија очекувано со убедливи 5:0 славеше против Луксембург во натпревар на кој хет-трик постигна Роналдо, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа Фернандеш и Палиња.

Србија е прва со 17 бодови, еден повеќе од Португалија која има и натпревар помалку од нашиот сосед кој пак и математички обезбеди бараж.

Англија ремизираше со Унгарија пред своите гледачи, додека Полска славеше на гостувањето кај Албанија во Тирана.

Данска ја продолжи импресивната серија и обезбеди пласман на Мундијалот откако вечерва со минимални 1:0 славеа против Австрија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни