Поврзете се со нас

Европски првенства

Србија и Црна Гора ќе ја наполнат касата на УЕФА, Србите без публика на клучниот натпревар за ЕП

Објавено

на

Foto:twitter.com/FSSrbije

Соседското дерби меѓу Србија и Црна Гора во квалификациите за ЕП донесе многу тензии и навреди од трибините, а УЕФА максимално профитираше од однесувањето на неодговорните навивачи.

УЕФА ќе инкасира 100.000 евра од двете федерации, а репрезентациите добија и одредена суспензија за следните настапи.

Полошо помина домаќинот Србија, кој следниот натпревар со Бугарија ќе треба да го игра без публика, а ќе плати и 50.000 евра казна поради расистичките испади на своите фанови.

Дополнителни казни се одредени и за продажба на билети на црниот пазар (10.000 евра), пиротехника (6.500 евра), блокирање на скали и излези (8.000 евра) и користење на ласери кон противничките играчи (14.000 евра).

Црногорците на следното гостување нема да сметаат на поддршката на своите фанови, а федерацијата ќе плати 20.000 евра за расистички навреди од фановите и оштетувањата направени на трибините.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни