Србија и Франција со пласман во полуфинале, САД и Италија се вратија во игра за пласман во полуфиналето на Дејвис Куп

EPA/ETIENNE LAURENTEPA/ETIENNE LAURENT

Србија се пласираше во полуфиналето со лесните победи на Ѓоковиќ и Троицки и тесната победа на Ненад Зимоњиќ и Виктор Троицки, кои во дубл мечот против Лопез и Карено Буста славеа тесна победа во пет сета.

Велика Британија без Енди Мареј  беше елиминирана од Франција, која во овој дуел не настапи без Монфилс и Цонга. Француската двојка предводена од Махут и Бенето успеаа да ги победат Џејми Мареј и Инголт со 3-0.

Селекцијата на САД успеа да намали со (1-2) во дуелот против Австралија. Џонсон и Сок успеаа да го добијат маратонскиот натпревар од пет сета против австралиската двојка Грот и Перс.

Ќе биде интересен и натпреварот меѓу Белгија и Италија. Белгијанците поведоа со предност од 2-0, но италијанскиот дубл пар составен од Болели и Сепи успеа да победи против Де Лор и Бемелманс со 3-2 во сетови и сега ситуацијата е искомплицирана со што патникот во полуфиналето ќе биде решен во текот на денешниот ден.

Facebook Коментари