Европски првенства
Србија доживеа шок на дебито на ЕП, Лекиќ заработи тешка повреда (Видео)

Српската женска ракометна репрезентација вечерва доживеа вистински шок на дуелот против Холандија во рамките на почетната фаза на Европското првенство.
Во 28. минута од средбата, Андреа Лекиќ се најде на теренот, а нејзиниот врисок најави дека се работи за нешто посериозно.
Поранешната „вардарка“ беше изнесена од теренот од страна на лекарската екипа и сигурно ја очекува подолга пауза од ракометните терени.
Ова е голем пех за српската репрезентација која вечерва го има својот прв настап на првенството, а изминатите денови мораше да остане во хотелски карантин поради еден позитивен тест на коронавирусот.
До повредата Лекиќ имаше постигнато два гола, а шокот како да ја разбуди селекцијата предводена од Љубомир Обрадовиќ и Србија во вториот дел направи голем пресврт за победа над Холандија со 29:25.
Se acaba de lesionar Andrea Lekić aparentemente de gravedad y ya no me importa nada 💔
🎥EHFTV pic.twitter.com/VZLW8cfNyx
— Nagore Odriozola (@nagoreodri12) December 5, 2020

- Шпанијапред 24 часа
Зидан со „крпен“ состав во градското дерби: Има на располагање само 13 играчи за 10 позиции на теренот (Фото)
- Шпанијапред 20 часа
Меси постигна антологиски гол во шоуто на Барселона во големото финале (Видео)
- Шпанијапред 22 часа
Зидан за неговиот најголем квалитет: Не сум најдобар тренер, но не сум ниту катастрофално лош
- Англијапред 22 часа
Откако го нанижа и Пеп: Неверојатната статистика на Тухел против пет врвни тренери (Фото)
- Германијапред 23 часа
Нојер и Милер со први реакции по одлуката за заминување на Флик
- АТПпред 19 часа
Прв пехар во оваа календарска година: Ѓорческа триумфираше во двојки во Калви
- Шпанијапред 20 часа
Реал Мадрид покажа класа и прв испрати честитка до Барса, Пујол бара повеќе од тимот на Куман (Фото)
- Англијапред 21 час
Гвардиола ги исплаши фановите на Сити со својата прва изјава за повредата на Де Брујне