Поврзете се со нас

АТП

Срам за тенисот: Пер плукаше по одлуките на судијата, па престана да игра и намерно загуби! (Видео)

Објавено

на

blank

Аргентина Опен традиционално се игра во Буенос Аирес на почетокот на месец март, а во пресрет на четвртфиналните дуели кои веќе се во тек, топ тема во Јужна Америка стана контроверзниот играч од Франција.

Беноа Пер е познат по своето ноншалантно и на моменти крајно непрофесионално однесување на теренот, но на последниот меч во осминафиналето на Буенос Аирес ги помина сите граници на нормалното и ја разлути цела тениска јавност.

Пер влезе во жестока расправија со судиајта поради еден ас сервис на домашниот тенисер Франсиско Серундоло, но откако сфати дека не може да ја промени одлуката и нема право на челинџ на земјена подлога, ја плукна трагата од топчето. Французинот продолжи да се расправа со судијата и бараше поенот да му биде вратен, а нервозните реакции го доведоа во ситуација Аргентинецот да направи пресврт (4:6, 6:3 и 6:1).

Беноа го загуби тој гејм и почна да губи, а дефинитивно најтрагично беше што престана да игра и намерно загуби во последните неколку поени кои буквално ги подари.

За да биде ситуацијта уште посложена, на сите жестоки критики, Пер одговори со провокативна објава на Твитер, потенцирајќи дека во кариерата заработил речиси 9 милиони долари и покрај тоа што е лош играч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни