Поврзете се со нас

Шпанија

Срам за шпанскиот и светскиот фудбал: Наместо минута молк, свирежи за Бекенбауер пред полуфиналето меѓу Реал и Атлетико (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Шпанците инкасираат 40 милиони евра од организацијата на фудбалскиот Суперкуп на саудиско тло, но фудбалските фанови од оваа земја денеска покажаа дека имаат уште многу за учење кога е фудбалската и основната култура во прашање.

Полуфиналето меѓу Реал Мадрид и Атлетико ќе се памети по вистинското шоу на теренот и осумте постигнати гола во мрежите на Кепа и Облак, но и по срамните сцени од увертирата на градското дерби.

Шпанскиот фудбал доживеа голем срам поради тоа што дозволи организацијата на Супекупот во Саудиска Арабија, земја во која беше исвиркан еден од најголемите играчи на сите времиња.

Наместо минута молк за легендарниот Франц Бекенабуер кој почина во неделата, саудиските фанови поделија свирежи за неповторливиот германски фудбалер, па тоа предизвика голем бес кај фудбалските фанови во Германија, но и оние од останатиот дел од светот.

Некултурата која ја покажаа Саудијците треба да им служи на чест, но денеска голем пораз доживеа и шпанската Федерација поради тоа што овие сцени се случија на натпреварот меѓу Реал и Атлетико.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни