Поврзете се со нас

Балкан

Срам за паметење: Партизан утна четири пенали и испадна од второлигаш! (Видео)

Објавено

на

Партизан има лош старт на новата сезона во домашното првенство и паузата поради репрезенативи обврски ја дочека на петтото место, но пред да дојде рестарт на возбудувањата, српскиот великан доживеа срам за паметење.

„Црвено-белите“ испаднаа во првата рунда во најмасовното натпрварување во Србија, односно доживеаја елиминација во Купот уште во воведот од второлигашот Раднички.

Тимот од Сремска Митровица направи сензација и го доби пенал рулетот кој беше навистина необичен, бидејќи играчите на Партизан не реализираа ниту еден удар од 11 метри.

Раднички во регуларниот дел беше пред пораз и израмни во 92-та минута, а потоа во пенал рулетот доволни беа два реализирани пенали за победа, бидејќи дури четворица играчи на Партизан се посрамотија од белата точка.

Голманот Драгичевиќ имаше две одбрани, а двајца фудбалери на Партизан не ни изнудија интервенција од него, односно ја погодија гредата и го утнаа цел гол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни