Поврзете се со нас

Балкан

Срам за навивачите на Партизан: Прво му оддадоа почит на Дуда, па потоа се „грабнаа“ да се тепаат (Видео)

Објавено

на

На денешниот пријателски натпревар помеѓу Партизан и Ефес беше оддадена и последна почит на легендарниот кошаркарски тренер, Душан Дуда Ивковиќ кој денеска го загуби својот живот на 77 годишна возраст.

Судбината сакаше на денот на неговата смрт да се сретнат екипите кои ги водеше на почетокот и на крајот на својата блескава тренерска кариера.

Навивачите и играчите на почетокот на натпреварот му оддадоа последна почит на легендарниот стратег, а фановите на Партизан подоцна се погрижија за уште еден момент, овојпат негативен, кој се врти низ медиумите на Балканот.

Имено, фракциите на навивачките групи на Партизна меѓусебно се истепаа за време на третата четвртина од натпреварот и предизвикаа низа реакции во соседна Србија.

Причините за немилиот инцидент се уште не се познати, но се верува дека станува збор за ескалација на проблемите меѓу фракциите во навивачката група „Гробари“.

Инаку на натпреварот против Анадолу Ефес од активното играње кошаркасе прости и иконата на Партизан, Новица Величковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни