Поврзете се со нас

Свет

Срам за футсалот на Светското првенство: Французите намерно примаа голови за да избегнат потежок ривал (Видео)

Објавено

на

Крајот на групната фаза на Светското футсал првенство донесе голема драма и скандал за кој пишуваат сите медиуми кои ги следат случувањата во Узбекистан, а истата е во режија на франуцските репрезентативци.

Во ситуација кога е познат костурот и како вкрстуваат победниците од секоја од групите, Франција реши да го бира својот ривал во осминафиналето, такашто намерно примаше голови од Иран.

Иранците секако беа фаворити и славеа со 4:1, но начинот на кој Французите намерно примаа голови јасно укажа на тоа дека тие го бираат следниот противник.

Реакцијата на францускиот голман при еден од примените голови ја крена на нозе футсал заедницата, па иако „триколорите“ се пласираа во осминафиналето, сега сигурно е дека сите ќе навиваат против нив.

Французите го направија тоа за да го изберат Тајланд пред селекцијата на Мароко, па со јавна реакција се јави и селекторот на тајландскиот футсал тим.

– Што и да се случи на 27-ми септември и потврдувајќи дека сме дел од најлошата историја во футсал, го велам следното: Франција, ве чекаме со отворени раце! Мечот меѓу Иран и Франција е вистински срам за нашиот спорт, го омаловаживте нашиот спорт. Вие сте светски срам, – им порача Шпанецот Мигуел Родриго, актуелен селектор на Тајланд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни