Поврзете се со нас

Лига Европа

Срам за фудбалерите на Сари: Играч на Митјиланд со иста финта изнуди два пенали од Лацио (Видео)

Објавено

на

Лацио важеше за фаворит на дуелот во Хернинг кој се одигра вечерва во Лигата на Европа, но не само што не го оправда тоа, италијанскиот калчолигаш доживеа срам кој ќе го памети уште извесно време.

Митјиланд беше подобар во секој поглед и го декласираше Лацио со резултат 5:1, а во дадениот случај не може да се говори за резервен тим на гостите, бидејќи во стартната постава на Сари беа играчи како Педро, Имобиле, Алберто, Весино и Ромањоли, а во второто полувреме влезе и Милинковиќ Савиќ.

Србинот беше стрелец на почесниот гол на „лацијалите“, но тоа беше само обична статистика, бидејќи Италијанците примија дури пет, од кои три во второто полувреме.

Покрај примените погодоци, посебно внимание привлече и еден играч на домашниот тим, крилото Исаксен кое успеа со идентична финта да изнуди два пенали.

Брзоногиот играч на Митјиланд со фудбалски лажнаци ги измести фудбалерите на Лацио и се избори за два идентични пенали по десната офанзивна страна, па постигна и гол при вториот бидејќи прв налета на одбиената топка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни