Поврзете се со нас

Формула 1

Спринт трките се вовед во „Грен слем“ викенди

Објавено

на

Поранешниот технички директор на Бенетон, Ферари и Мерцедес, Рос Браун, во улога на извршен директор на спортот денеска објасни дека штотуку воведените правила за спринт трки и квалификации, ќе бидат вовед за „Грен слем“ тркачки викенди.

Англичанецот за официјалниот веб сајт на првенството даде изјава во која вели дека ваквиот формат нема да биде добар на секоја трка, а тоа тврдење го илустрира со пример за Монако, патека што е позната дека нема место за престигнување.

– Ваквите „Грен слем“ трки треба да бидат расфрлани низ сезоната, а не да бидат на секој настан. Сепак, тоа дополнително треба да се одлучи, а јас сум за лимитиран број на трки,- вели Браун.

Според предвиденото, наместо три тренинг сесии во петок и сабота од по 90 минути, се предвидува еден тренинг во петок од 60 минути, по кој би следувала квалификациска сесија каква што сега ја знаеме, со три сесии и испаѓање на најбавните. Овие квалификации го даваат стартниот поредок во саботната трка, која е крстен „Спринт квалификации“ за неделното гран при, па така во неа нема да има победници, туку освојувачи на бодови за првите три места, по принципот 3-2-1.

– Предизвик е да се најде вистинскиот баланс со што би имале интересен петок и сабота, но без да и одземеме нешто на главната трка во недела. Секој им различен поглед како треба да биде, но во исто време тоа мора да биде и решение кое нема да се одрази на економската и логистичката страна. Тимовите го сакаат ова, возачите се отворени, а нам толку ни треба. Ќе можеме да направиме евалуација и да одлучиме за иднината. Ако ова не функционира, ќе се откажеме и ќе се замислиме повторно,- заврши Браун.

Претходно во ерата на Берни Еклстоун како промотер на Формула 1, беше направен експеримент со двојно бодување на одредени трки, но потоа беше укинато, иако имаше поголема неизвесност до крајот на сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни