Млади спортисти
„Спортувај со најдобрите“: Бренд амбасадорот на Видеолотарија, Кире Лазаров спортуваше со деца во Гевгелија

Под слоганот „Спортувај со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија заедно со своите бренд амбасадори иницира спортски натпревари за деца, со цел да придонесе кон создавање на спортска култура од најмали нозе.
По спортските настани во Свети Николе и Охрид, најновото спортско дружење се случи во Гевгелија.
Минатата година, во Гевгелија, со донација од Видеолотарија Касинос Австрија, беше реконструирано мултифункционалното игралиште ДТВ Партизан , на кое може да се игра ракомет, кошарка, фудбал. Децата на ова игралиште, спортуваа заедно со нашиот бренд амбасадор, Кире Лазаров.
Целта ни е да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики. Јасно е дека децата мора да имаат простор каде може да уживаат во безгрижно детство, па затоа и одлучивме да го подготвиме овој амбициозен проект низ кој ќе обезбедиме децата да добијат повеќенаменски и спортски игралишта на неколку локации во земјата. Покрај создавањето инфраструктура, заедно со нашите бренд амбасадори, со спортски настани низ Македонија, ќе ги поттикнеме децата да спортуваат и да ја негуваат спортската култура.
Со реализација на овие настани, Видеолотарија Касинос Австрија ги остварува општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните.
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 23 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 20 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 9 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него
-
Европски првенствапред 22 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Италијапред 21 час
Рабио и Галјардини ја продолжија „војната“ на социјалните мрежи (Фото)
-
Шпанијапред 23 часа
Чави: Од Атлетико посебно би издвоил еден човек