Спортскиот директор на ПСЖ со искрен коментар: Нејмар направи големи грешки…

nejmar

Веќе е јасно дека бразилскиот интернационалец Нејмар ги брои последните денови како член на ПСЖ.

Најскапиот фудбалер на светот јавно изрази желба да си замине од Франција и како што стојат работите тој во следните две недели ќе реализира трансфер во Шпанија од каде постои интерес од неговиот поранешен клуб, Барселона, но и Реал Мадрид.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо истакна дека фудбалерот направил големи грешки кога се решил во јавноста да излезе со коментар дека сака да си замине од ПСЖ.

– Нејмар направи неколку грешки. Не го знаев каков е. Со текот на времето го запознав и искрено мислам дека тој е добро момче со добро срце. На теренот тој е неверојатен играч, -истакна Леонардо.

Facebook Коментари