Италија
Спортскиот директор на Наполи откри што ќе се случи со „замрзнатиот“ Осимен
Виктор Осимен беше најголем губитник во последниот ден од летниот преоден рок, бидејќи најпрво самиот го стопираше трансферот во Ал Ахли, за потоа да биде извисен од страна на Челси кој не направи завршен напор да го доведе во своите редови.
На крајот, најскапиот играч на Наполи остана на ничија територија и во моментов се уште важи за член на клубот од „Диего Марадона“, но водечките луѓе се убедени дека Нигериецот не заслужува да добие пријателски третман после барањето кое го имаше од крајот на минатата сезона.
Наполи денеска му го повлече бројот на Осимен и не го регистрираше за Серија А, што јасно алудира на тоа дека напаѓачот е „замрзнат“ од Конте, но и од сите водечки структури во клубот.
Како што стојат работите, Осимен ќе остане на трибини до крајот на првиот дел од полусезоната, нешто што може да се заклучи и од изјавата на спортскиот директор на Наполи.
– Ситуацијата е многу јасна, исто какошто беше на крајот на минатата сезона. Осимен искажа јасна желба да си замине од Наполи, а тоа значи дека повеќе не сака да игра за Наполи. Тој јасно го искажа тоа и ние се обидовме да го направиме среќен.
– Добивме понуда и мислевме дека преговорите се завршени, но на крајот операцијата не се реализираше. Ние не го планиравме тимот со Осимен, го купивме Лукаку, а ги задржавме и Распадори и Симеоне. Во овој момент, ние се држиме на ставот од почетокот на летото. Тој јасно стави до знаење дека не сака да игра за Наполи и ние се одлучивме за други опции. Трансфер пазарот се уште е отворен на некои места, но не верувам дека Осимен ќе заврши во Саудиска Арабија, – изјави Џовани Мана, спортскиот директор на Наполи.
Од оваа изјава слободно може да се заклучи дека клубот не планира да го помилува напаѓачот, кој најверојатно ќе мора да се помири да мине на трибините најмалку до јануари.
-
АТПпред 17 часа
Федерер: Тешко е да се зборува за Надал, Ѓоковиќ сигурно…
-
Македонијапред 23 часа
Работнички шокиран од третолигаш во Купот на Македонија
-
Лига на шампионипред 18 часа
Пелистер немоќен против „лисиците“ од Берлин
-
Лига на шампионипред 17 часа
Газанига му подари победа на ПСЖ, Сити немаше решение за Интер (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 22 часа
Каталонците добија засилување: Може да заигра за Барселона по пауза од 389 дена (ФОТО)
-
Италијапред 20 часа
Дел Пјеро за младата ѕвезда на Јувентус: Многу сум среќен поради него…
-
Лига на шампионипред 20 часа
Спарта го разби Салцбург во Прага, мирно на „Ренато Дал’Ара“ (ВИДЕО)
-
Италијапред 21 час
Експресна реакција: Рома го официјализираше наследникот на Де Роси