Поврзете се со нас

Германија

Спортскиот директор на Леверкузен: Сигурен сум во следниот чекор на Чаби

Објавено

на

Foto:twitter.com/bayer04fussball

Чави Алонсо е вистиснка сензација меѓу младите тренери во последните две сезони, па затоа се поставува прашање дали Шпанецот воопшто ќе дочека трета сезона во германската Бундеслига.

Баер Леверкузен забележа неверојатен напредок откако го ангажираше Чаби и неговиот тим сега се бори за титулата во домашното првенство, цел кој од изминатиот викенд е уште пореална по одиграното дерби со Баерн Минхен.

„Фармацевтите“ му одржаа фудбалска лекција на великанот од Минхен и славеа со 3:0, па сега Чаби и неговите фудбалери имаат пет бода предност на првенствената табела.

Алонсо стави потпис на нов договор со Леверкузен на крајот на минатата сезона кога се поврзуваше со Реал Мадрид, а во клубот се уверени дека Чаби нема да си замине и ова лето во кое се очекува сериозен притисок од Ливерпул.

– Сигурен сум во следниот чекор на Чаби, сигурен сум дека ќе остане кај нас. Не зборувам само за договорот кој го врзува со нас, зборувам за тоа колку тука се чувствува комотно заедно со своето семејство. Тука поседува одличен тим и ние ќе му овозможиме се за да се бори за титулите и наредната сезона.

– Нема да има големи промени во тимот наредната сезона и ќе му овозможиме да има топ тим. Убедени сме дека со ваквиот пристап ќе го задржиме Чаби во тимот, истото важи и за најдобрите играчи во овој момент, – гласи изјавата на спортскиот директор на Леверкузен, Симон Ролфс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни