Поврзете се со нас

Италија

Спортскиот директор на Лацио жестоко му возврати на Луис Алберто: Сега вели дека се откажува од парите, а пред неколку месеци…..

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Луис Алберто ги шокираше челниците на Лацио со жестоката изјава која ја испорача во јавноста по натпреварот со Салернитана, бидејќи најплатениот играч на „лацијалите“ најави дека ќе го напушти клубот по крајот на сезоната.

Разочаран од извиците од трибините и тренерската смена во првиот тим, Луис Алберто смета дека е вистинско време да си замине од италијанската престолнина, без оглед на тоа што минатото лето потпиша договор до 2027-ма година.

Шпанецот нагласи дека не сака да добие ниту едно евро плус од Лацио, а ваквата негова изјава беше доволно сериозна за да пристигне одговор од спортскиот директор.

– Вакви работи се случуваат откако постои фудбалот. Алберто избра најлош момент за да соопшти таква одлука. Не можам да бидам во мозокот на еден фудбалер, но тој по доаѓањето на Тудор ми порача дека најверојатно е вистинско време да си оди по крајот на сезоната. Нема да ви ги откривам причините кои ми ги наброја, но јас му порарчав да заврши сезоната и потоа да ја разгледаме ситуацијата.

– Никој не му вети ништо на неговото барање, ниту сме потпишале преддоговор за заминување. Би сакал да го потсетам дека изминатото лето потпишавме договор на четири години. Потпиша договор, а сега неколку месеци подоцна вели дека се откажува од парите и ги остава за други играчи. Сакам да му порачам дека договорите се потпишуваат за да се испочитуваат. Ова е ситуација која ќе мора да ја решаваме со мир и со спокојство, – изјави Маријано Фабијани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни