Поврзете се со нас

Германија

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд потврди дека една од нивните ѕвезди ги игра последните натпревари во клубот

Објавено

на

Борусија Дортмунд ќе биде вистинска мета на големите европски тимови кога во прашање се трансферите на играчите ова лето.

Најголемо внимание од овој клуб привлекоа Џејдон Санчо и Ерлинг Халанд кои се поврзуваат со трансфери во Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, а клубот по крајот на сезоната сигурно ќе го напушти и Ашраф Хакими кој ќе се врати во „кралскиот клуб“.

Сега, спортскиот директор на „милионерите“ потврди дека и ѕвездата на тимот, Марио Геце ќе си оди по крајот на сезоната.

27 годишниот фудбалер ќе биде слободен агент и неговиот договор со клубот нема да биде продолжен, па тој ќе си замине без никакво обесштетување.

– Ќе се разделиме со Марио Геце ова лето. Тоа беше заедничка одлука донесена со почит, Марио е одличен човек и му посакуваме среќа во иднина, -изјави Зорц.

Марио Геце е продукт на академијата на Борусија Дортмунд и човек најзаслужен за златото на Германија на Светското првенство во 2014 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни