Поврзете се со нас

Шпанија

Спортскиот директор на Барселона „сонува“ за член на германскиот шампион Баер

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона го потврди тренерот за наредната сезона, а спортскиот директор Деко се надева дека Ханси Флик ќе успее да му помогне во остварувањето на трансфер сонот во овој или следниот летен преоден рок.

Португалецот е голем фан на Флоријан Вирц, еден од најзаслужните што Баер Леверкузен ја заврши сезоната со двојна круна во Германија и фудбалер кој веќе го привлече вниманието на најголемите европски клубови.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека ако може да бира за едно скапо засилување за Барса летово, тогаш Деко без размислување би го довел Вирц, кој е профил на фудбалер кој многу би му помогнал на шпанскиот вицешампион.

Вирц има договор до следното лето со Баер и засега не најавил разделба со бундеслигашот, но Барса може да го предизвика со солидна финансиска понуда и проект во кој би имал важна улога во составот на Флик на долг рок. Високата трансфер цена не оди во прилог на шпанскиот состав, но затоа преодниот рок во 2025 година може да биде клучен за исполнувањето на желбата на Деко.

Проблем за Каталонците може да биде интересот на Реал Мадрид и уште неколку европски ривали за германскиот репрезентативец, а истекувањето на неговиот договор подразбира вистинска војна за потписот на Вирц и победа на клубот кој ќе биде најубедлив во однос на понудената улога и проект.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни