Поврзете се со нас

Германија

Спортскиот директор на Баерн за трансферот на Мбапе: Секој што е алчен за пари, на крајот…….

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayernEN

Килијан Мбапе го комплетираше својот животен сон и конечно потпиша за Реал Мадрид, откако претходно самиот си ја затвори вратата за сензационален трансфер уште пред две години.

Француската ѕвезда тогаш во последен момент го извиси Флорентино Перез и операцијата остана некомплетна, но сега самиот инсистираше што побрзо да заврши на „Сантијаго Бернабеу“, желба која на крајот му беше исполнета од мандатарот на шпанскиот клуб.

Најповолно сценарио за Реал беше тоа што го добива фудбалерот како слободен агент, но сепак во договорот се вклучени многу високи бонуси и фиксна плата од над 20 милиони евра, што прави Килијан да биде убедливо најплатен фудбалер во Европа.

Оваа операцијата на Реал Мадрид предизвика доста реакции и од најголемите ривали на стариот континент, а во Баерн Минхен очигледно не се премногу задоволни од трендот кој е се поактуелен во фудбалот.

Макс Еберл како нов спортски директор работи веќе неколку месеци во Баерн, а запрашан да го искоментира трансферот на Мбапе во Мадрид, го дал следниот одговор:

– Како човечко битие, секогаш може да станете поалчен за пари, но секој оној што граби само кон пари, на крај ќе стане само клин од фудбалскиот ковчег. Ако продолжиме со ова темпо, во еден момент ќе се потрошат сите ресурси, сите пари на трансфер пазарот, нема да им преостане на клубовите ништо за водење бизнис. Зборуваме за стотици милиони евра, тоа е премногу и имам чувство дека во еден момент се ова ќе експлодира.

– Во еден момент нашиот пазар ќе остане пренатрупан, а зад аголот ќе ни биде Саудиска Арабија, тоа не е поволно сценарио за нас од Европа. За жал, таква е ситуацијата на трансфер пазарот. Парите само се трошат и обично не се враќаат. Клубовите немаат никаков бенефит од трансферите. Играчите, семејствата, агентите имаат бенефити, но не и клубовите. Во минатото, клубовите беа тие кои профитираа, но сега ситуацијата се промени, – вели Макс Еберл.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни