Поврзете се со нас

Автомобили

Спортски дрим-тим: Антиќ им се придружи на Кире и Иџе

Објавено

на

Кирил Лазаров и Игор Стефановски веќе извесно време беа бренд-амбасадори на државната Видео-лотарија, но од денеска покрај нив двајца, договор доби и македонската кошаркарска легенда, Перо Антиќ.

Човекот кој пред само неколку дена доби втор мандат да ја води македонската Кошаркарска Федерација, денеска беше официјално претставен како трет спортски амбасадор на „ВЛТ“, бредн кој со огромно задоволство инвестира во спортот и ги посочува трите македонски спортски легенди како примери кои треба сите да ги следат.

– Добар ден до сите, чест и задоволство е да се биде заштитно лице на компанија како ВЛТ, која докажала дека е општествено одговорна и помага на цел спорт во Македонија. Исто така, задоовлство е да биде во тимот со Кире Лазаров и Иџе Стефановски. Иџе ни должи да не сврти некое крукче, а Кире да не научи нешто за спортот. Заедно одиме во нови успеси и во нови победи во спортот, – изјави Перо Антиќ по потпишаниот договор, а соработката ја продолжија и Стефановски и Лазаров.

– Како што кажа и Перо чест е да биде дел од ваква компанија, која е одговорна и која вложува во спортот. Видеолотарија е мој долгогодишен партнер, ги градиме заедно сите успеси. Се надевам дека оваа година исто така ќе продолжиме со добри резултати, се надевам на убава соработка заедно со моите спортски пријатели и колеги. Да бидеме бренд амбасадори како што треба и сигурно ќе го презентираме овој бренд како што доликува на јавноста, – порача Иџе кој потврди дека и оваа сезона ќе биде дел од Европското првенство на ридски патеки кое го организира ФИА.

– Чест и задоволство е да се биде во друштво со Перо, легенда на македонскиот спорт и кошарка. Истото важи и за Иџе, шампион во својот спорт, во својата бранша. . ВЛТ донираше многу за спортот, отвори многу спортски игралишта во Скопје и Македонија, а јас предлагам да се отворат и други. Потребна е таа инсфраструктура за да имаме поквалитетен спорт, – изјави Лазаров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни