Спортска Академија домаќин на три реномирани турнири од меѓународен карактер

sportska-dresovi

Спотска Академија во наредниот период ќе биде домаќин на три меѓународни турнир кои ќе ги одиграат младински екипи на реномирани професионални кошаркарски и ракометни кошаркарски клубови, а со самото тоа ќе им овозможи неверојатно искуство на своите членови кои ќе имаат можност да ги одмерат силите со свои врсници од различни земји.

Во вторник и среда (30 и 31 мај), со почеток во 17 и 19 часот, во салата на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје ќе се одиграат натпреварите од ракометниот турнир на кој ќе учествуваат екипите на РК Црвена Ѕвезда, РК Морнар, РК Металург и селекцијата на ДСУ Спортска Академија.

Во истата сала, женската ракометна селекција на Академијата, во чиј состав се најголемиот дел од младинските ракометни репрезентативки на Македонија кои изборија учество на европското младинско првенство оваа година, ке одиграат 2 натпревари со соодветната младинска ракометна репрезентација на Србија, и тоа на 4 јуни во 17 часот и на 5 јуни во 10:30 часот.

Кошаркарската селекција на ДСУ Спортска адемија ќе биде организатор на меѓународниот кошаркарски турнир, на кој се очекуваат екипите на КК Партизан, КК Мега Лекс и КК Борац, кој ке се одржи во СРЦ Кале на 9,10 и 11 јуни, со закажани термини на натпреварите во 17 и 19 часот.

Facebook Коментари