„Спортмедиасет“ јавува: Клуб од Франција заинтересиран за Несторовски

ile

Од таборот на Палермо очајнички сакаат да го продадат нашиот напаѓач, но засега тешко им оди во таа намера.

Во изминатиов месец се изначитавме шпекулации дека за Несторовски се заинтересирани Каљари, Торино, Аталанта…а пред три дена излезе вест дека нашиот напаѓач е следен и од тимот на Удинезе.

Денес, „Спортмедиасет“ јавува дека и Удинезе нема да стигне до потписот на Несторовски, а бидејќи трансфер периодот во Италија завршува во текот на денешниот ден, сега најреална опција е трансфер во странство.

Наводно, интерес за Несторгол има од редовите на Бордо кој остана без својот најдобар напаѓач, Гаетан Лаборде кој беше продаден на Монпеље. Токму Лаборде беше причината што Густаво Појет повеќе не е тренер на Бордо.

Наводно поранешниот прославен фудбалер влегол во клинч со управата затоа што го продала напаѓачот без негово одобрение, па затоа веднаш бил сменет.

Што ќе се случи со Несторовски ќе дознаеме повеќе во текот на денешниот ден.

Facebook Коментари