Поврзете се со нас

Англија

Спортинг потврдил дека Манчестер Јунајтед планира да го „откупи“ Аморим

Објавено

на

Foto:twitter.com/SportingCP

Рубен Аморим деновиве би требало да биде промовиран за нов менаџер на Манчестер Јунајтед, со што официјално ќе го наследи Ерик тен Хаг.

Отказот за Холанѓанецот значеше почеток на акцијата со која премиерлигашот ќе го обезбеди потписот на португалскиот стручњак, а дека е блиску до реализација потврдува и официјалното соопштение на Спортинг.

Составот од Лисабон ја информирал јавноста дека Јунајтед ги прифатил условите на клубот за преземање на Аморим.

– Манчестер Јунајтед покажа интерес за регрутирање на тренерот Рубен Аморим и најави дека е подготвен да исплати 10 милиони евра за да ја активира откупната клаузула, – стои во информацијата на „зелено-белите“.

Јунајтед засега не ги коментира овие информации, но претходно медиумите објавија дека делегација на клубот е во Лисабон и сака уште утре да ги реши сите дилеми и да го одведе Аморим на промоција во Англија.

Аморим го одведе до Спортинг до две титули во краток период, истовремено прекинувајќи го постот на овој клуб кој траеше 19 години.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни