Свет
Спортинг експресно го назначи наследникот на Аморим: Поранешен португалски репрезентативец ќе ги води „лавовите“
Спортинг Лисабон енергично му се заблагодари на Рубен Аморим за се она што му го донесе на клубот во изминатите четири години, но во период во кој тимот изгледа недопирливо во португалското првенство, актуелниот шампион веќе мисли на новата етапа.
Аморим си замина од Спортинг со 11 победи на 11 одиграни натпревари во домашното првенство, па откако се одјави на извонреден начин против Брага, клубот од „Жозе Алвеладе“ попладнево го именуваше и тренерот кој ќе го наследи досегашниот лидер.
Спортинг се одлучи за проверена опција и за човек кој ги познава вредностите и секојдневните активности во клубот, а тоа е некогашниот португалскиот репрезентативец, Жоао Переира.
Откако ја заврши играчката кариера, Переира повеќе од две години мина во младинските категории на Спортинг, па откако успеа да ги следи принципите на Аморим како тренер на вториот тим, сега добива шанса да го води првиот.
Спортинг го најави Жоао како официјален наследник на Рубен, па така поранешниот играч на Бенфика и Валенсија сега ќе има за цел да ја продожи добрата работа која досега ја вршеше новиот менаџер на Манчестер Јунајтед.
-
Англија12 часа
Артета со ист проблем како Венгер, навивачите на Арсенал имаа интересни коментари (ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Ван Дер Варт за Мбапе: Тешко му е да прифати дека е „само уште еден играч“…
-
Англија24 часа
Кин запрепастен од еден играч на Јунајтед: Неговото ниво на фудбал е шокантно!
-
Свет11 часа
Реал во група со тимот на Нејмар и Митровиќ, Интер Мајами ќе игра на отварањето на Светското клупско првенство (ФОТО)
-
Шпанија24 часа
Мбапе презема одговорност и им се обрати на навивачите на Реал по новиот промашен пенал (Фото)
-
Англија17 часа
Бербатов: Арсенал е новиот Стоук!
-
Шпанија22 часа
Анчелоти за играчот кој направи голема грешка при голот кој донесе пораз за Реал: Тој е недопирлив
-
Англија21 час
Аморим: Постоеше само една разлика меѓу Арсенал и Јунајтед