Поврзете се со нас

Шпанија

„Спорт“: Подзаборавениот дефанзивец на Барселона се договорил со Атлетико

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона и Атлетико Мадрид изградија навистина добри меѓусебни односи и тоа придонесе да видиме многу операции од кои профитираа двата клуба, а последното звучно име кое се пресели од еден во друг клуб беше Жоао Феликс.

Португалецот реши да стави крај на својот кошмар во Атлетико и оваа сезона игра како позајмен фудбалер во Барселона, но во период кога има уште многу за игра, шпанските медиуми информираат дека двата клуба договориле уште една размена.

Поточно, Атлетико го контактирал играчот чиј договор со Барса истекува на крајот од сезоната, а планот на Диего Симеоне е да добие искуство во одбраната какво што донесе Цесар Аспиликуета од Челси.

„Душекџиите“ во минатото од Барса донесоа звучни имиња како Давид Вилја и Луис Суарез и тие станаа шампиони со клубот од престолнината, а нивниот чекор сега ќе го следи и Маркос Алонсо.

Искусниот лев бек оваа сезона не се изнаигра и фановите веќе подзаборавија на него, па иако постоеја опции да се врати во Англија, угледниот каталонски „Спорт“ денеска открива дека тој веќе постигнал преддоговор со клубот од „Метрополитано“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни