Поврзете се со нас

Англија

„Спорт“: Јунајтед и Барселона се договориле за сумата околу Де Јонг!

Објавено

на

Френки Де Јонг замина на летен одмор со јасна порака од кампот на холандската фудаблсдка репрезентација, нагласувајќи дека остава се во рацете на Барселона кога е во прашање неговата иднина.

Играчот за врска нагласи дека сака да остане во Барса и да го продолжи својот детски сон да игра за каталонскиот великан, но истовремено остави простор за трансфер доколку на клубот му се потребни финансиски средства во овие тешки времиња.

Манчестер Јунајтед е клубот кој сериозно притиска за Френки и клубот од „Олд Трафорд“ не го крие тоа, па дури беше објавено и видео во кое новиот извршен директор зборува дека се прават максимални напори за да се доведе холандскиот репрезентативец.

Најновата вест на оваа тема пристигнува од Каталонија, а угледниот „Спорт“ открива дека Јунајтед и Барселона ја договориле сумата за трансфер на Де Јонг и договорот за трансфер е многу блиску.

Барселона успеала да изнуди 80 милиони евра како сигурна заработка, но „Спорт“ повикувајќи се на свои извори открива дека операцијата може да достигне и 100 милиони евра со одредени бонуси.

Во Манчестер Јунајтед се позитивно гледаат на комплетирање на оваа зделка, која би значело остварување на една голема желба на новиот менаџер, Ерик Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни