Поврзете се со нас

Шпанија

„Спорт“ ја откри главната причина поради која Барселона прифатила смешна цена за Кутињо

Објавено

на

Foto:twitter.com/AVFCOfficial

Астон Вила вчера ја активираше клаузулата за откуп и реши да исплати 20 милиони евра за ангажманот на Филипе Кутињо, кој и дефинитивно ќе остане во Бирмингем по крајот на сезоната.

По неколку тешки сезони во Барселона, Бразилецот конечно реализираше пераментен трансфер во друг клуб и ја пронајде својата среќа во Бирмингем, а иако каталонскиот гигант претрпе огромна финансиска загуба кога ќе се споредат двата трансфери, „Спорт“ информира дека платата на Фипиле била главна причина за поволната цена.

Кутињо своевремено ја чинеше Барселона стратосферски 115 милиони евра кои со клаузули можеа да стигнат и до 160, но на крајот го продаде за само 20 милиони евра и реши да се ослободи од него на една година од истекот на договорот.

Респектабилниот весник кој е упатен со сите случувања во Барселона вели дека клубот ќе добие повеќе од 20 милиони евра и од самото тоа што ќе се ослободи од неговата плата, бидејќи Кутињо и во актуелната сезона важеше за еден од најплатените во клубот.

Поточно, покрај инкасираните 20 милиони евра, Барселона ќе заштеди уште 23 милиони евра со продажбата на Кутињо, бидејќи точно толку изнесувала неговата плата со пропатни бонуси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни