Шпанија
„Спорт“ ги објави платите на ѕвездите на Барселона: Де Јонг заработува двојно повеќе од Гундоган

Барселона добро ја започна сезоната во која ја брани титулата во шпанското првенство, а избраниците на Чави Ернандес ќе се обидат да ги исполнат клупските амбиции сериозно мотивирани и од милионските суми кои ги заработуваат.
Дел од играчите посебно се истакнуваат со своите плати, кои ги објави весникот „Спорт“, а на врвот е Френки де Јонг, кој заработува неверојатни 37,5 милиони евра.
Годишната плата на Холанѓанецот е недостижна дури и за играчи како Роберт Левандовски и Илкај Гундоган, па двајцата следуваат на второто и третото место со годишна плата од 20,83 милиони, односно 18,75 милиони евра.
Меѓу дефанзивците најдобро платен е Жил Кунде, кој сезонава од Барселона ќе добие 13 милиони евра.
Во групата играчи кои заработуваат 10 милиони или повеќе се и Рафиња (12,5 милиони евра), Феран Торес (10 милиони евра) и Жоао Кансело (12,5 милиони евра).
Младиот Ламине Јамал ќе добие 1,67 милиони евра, а Жоао Феликс оваа сезона ќе игра за плата од 4 милиони евра.
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Европски првенствапред 19 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Англијапред 22 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 21 час
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Европски првенствапред 18 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Англијапред 6 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него